hibernate - онтологија

замрзне повеќе

замрзнат
Вид збор: Глагол, свршен
Привремено прекине, запре некакво дејствување, процес, постапка итн.
Албански: ngrij, ftohë
Примери:
По инцидентот ги замрзнаа односите.

презими повеќе

презимат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине зима на некое место, остане некаде во текот на зимата.
Албански: kaloj dimrin
Примери:
Ќе презимиме во градот.
За животно - преспие зима, не излезе од дувлото за време на зимата.
Албански: kaloj dimrin
Употреба: Зоологија
Примери:
Мечката е од оние животни што бараат топло место за да презимат.

хибернира повеќе

хибернираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Западне во зимски сон.
Албански: vërroj, bie në gjumë për dimër
Употреба: Зоологија
Престане со активност.
Албански: prehem, ndërprej aktivitete